0.8 C
Скопје
23:26 - 18 декември, 2024

Во 2022 слушавме многу добра музика, но кои се десетте најдобри албуми?

Изданието на „Њујорк тајмс“, „Пејџ сикс“, ги издвои десетте најдобри албуми во 2022 година.

Меѓу нив има изведувачи како Бијонсе, Хари Стајлс, Лизо, Тејлор Свифт….

Бијонсе го издаде својот прв албум по шест години, а по долго време можевме да ја слушнеме новата Тејлор Свифт. Нов албум издаде и Дрејк. Еве кои албуми ја одбележаа оваа година.

10. Дрејк, Honestly Nevermind
Дрејк повеќе не ја произведува истата музика што ја правеше пред 10 години. „Пејџ сикс“ пишува дека раперот ги отфрли своите хип-хоп корени и вметна раскошни клупски ритми со прекрасни звуци.

9. Wet LegWet Leg
Иако се аутсајдери на доделувањето „Греми“ награди во јануари, ова дуо не треба да бидат отпишано. Дебито на дуото е микс на остри мелодии со дрски текстови.

8.Тејлор Свифт, Midnight
Новиот албум на Свифт, нејзин десетти, е нешто поразличен од другите. „Пејџ сикс“ пишува дека Свифт неверојатно документирала 13 непроспиени ноќи со автобиографски стихови за самопрезир во Anti-Hero, потоа за растењето во песната You’re On Your Own, Kid, потоа за сплетките за нова љубовна приказна во Mastermind. Истиот извор тврди дека Свифт, еден ден може да се најде во Куќата на славните на рокенролот благодарение на песните 1989 и Reputation.

7. Лизо, Special
Продуцентите Макс Мартин и Марк Ронсон ` обезбедија на Лизо загарантиран успех со новиот албум. Харизматичната пејачка и раперка продолжува да се држи до својот стил, давајќи хит по хит, како што се About Damn Time или нешто поотмената 2 Be Loved.

6. Зак Брајан, American Heartbrake
Мал број изведувачи можат да издадат троен албум како свое деби за голема издавачка куќа и да привлечат толку големо внимание. Зак Брајан го направи токму тоа со American Heartbreak, кој ги прикажува турбулентните пет години од животот на морнаричкиот ветеран, од загубата на неговата сакана мајка во She’s Alright, до трезнењето во Mine Again. Звукот носи малку фолк и кантри, но всушност има по нешто за секого и затоа, како што велат, е уметничко дело.

5. Розалија, Motomami
Ако има граница, Розалија ќе ја помести, пишува „Пејџ сикс“. Нејзината експериментална, брилијантно продуцирана песна Motomami е еден голем среден прст на музичките жанрови, спојувајќи сè, од фламенко до хип-хоп до регетон. Нејзините врвни соработници Д’ Викенд, Ла Фама, и Фарел Вилијамс се показател за нејзината големина и таа ќе биде многу популарна изведувачка во годините што доаѓаат.

4. Д’ 1975, Being Funny in a Foreign Language
Тоа што Мети Хили стана Тикток-сензација не треба да изненадува. Како што сведочат виралните видеозаписи од турнејата, фронтменот има шарм и е многу допадлив. Најновиот албум на бендот, Being Funny in a Foreign Language, е многу загонетна. Looking for Somebody раскажува разорна приказна за пукање во училиште, со еден од најинтересните рифови во 2022 година.

3. Бед Бани, Un Verano Sin Ti
Бед Бани имаше една цел кога размислуваше за својот четврти албум: да го направи најсреќен во својата кариера. Мисијата е остварена, тврди „Пејџ сикс“. Un Verano Sin Ti се чувствува како весел одмор низ Карипските острови, оддавајќи им почит на вештите локални музичари кои го претворија младото момче Порториканец во хит. Со летните химни како Tití Me Preguntó и Después de la Playa, не е ни чудо што Un Verano Sin Ti беше најстримуваниот албум на годината.

2. Хари Стајлс, Harry’s House

Хари Стајлс не може да не го сакаш поради овој албум. Фановите на One Direction знаат што може да направи Стајлс со својот глас, но овој албум го лансираше на друго ниво на суперѕвезда. As It Was помина неверојатни 15 недели на првото место, а песните како Late Night Talking и Satellite ова лето ги натераа луѓето од сите возрасти да му се восхитуваат на Стајлс.

1. Бијонсе, Renaissance

Со својот седми студиски албум, Бијонсе реши да остави музиката да зборува сама за себе. Нема видео, нема придружен филм, дури ни изведба. „Ренесанс“ е триумф на нејзината кариера, кохезивна прослава на хаус музиката како и афроамериканските и квир пионери кои со децении го одржуваат жанрот жив и здрав, пишува „Пејџ сикс“. Бијонсе станува провокативна во Plastic Off the Sofa, ги семплира танцовите легенди Робин С. и Дона Самер во Break My Soul и Summer Renaissance, и ја пренесува својата најдобра песна од Love on Top со Cuff It. Таа го заслужи правото да каже дека е број еден.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо
Се вчитува....