23:54 - 9 јануари, 2026

Вистинското лице на Иванка Трамп: Нејзината најдобра другарка откри дека е многу лицемерна

Instagram

Лисандра Орстром беше најдобрата пријателка на Иванка Трамп, во времето кога заедно оделе на оделе заедно на училиште, но и долги години подоцна. Иако, како што вели, е свесна дека ќе ја карактеризира како лицемерна, таа реши да сподели со сите каква е всушност Иванка.

Instagram

Ќерката на Доналд, Иванка Трамп (39) според многумина наликува на нејзиниот татко, па можеби не е изненадувачки што и недостасува чувство за емпатија, што ја покажува се повеќе во текот на нејзиниот живот и работа.

Во текстот објавен од „Vanity Fair“, новинарката Лисандра Орстром, која беше и деверуша на свадбата на Иванка и своевремено нејзина најдобра пријателка, опиша како ќерката на Трамп отсекогаш била опседната со сопствениот статус, а вината за сите нешта обично ја наоѓала кај другите.

Таа го имаше радарот за статус, пари и моќ наследен од нејзиниот татко, како и инстинкт на Доналд да „фрли друг под автобус“, ако тоа е начин самата да се спаси од некоја ситуација, рече Орстром.

Instagram
Instagram

Таа, исто така, се присети на некои моменти кога таа и Иванка биле во дваесетина години, а еден новинар и пријател и препорачал на Иванка да ја прочита книгата на Ричард Русо, „Царски водопади“, која е многу познато дело и добитник на пулицеровата награда.

Откако Иванка ја прочитала книгата упатила бесна критика за препораката до новинарот:

Зошто ми ја препорача? Не сакам да читам за сиромашните. Што мислите, кој дел точно може да ми биде интересен овде во оваа книга?, го прашала тогаш Иванка.

Instagram
Instagram

Лисандра и Иванка биле најдобри другарки од училишните клупи, но во последните десет години ја оладиле својата врска и не се во контакт. За Доналд напишала дека тој никогаш не се сеќавал на нејзиното име за време на посетата на нивниот дом, но тој секогаш забележувал дали таа ќе се здебели, ќе ослабе или ќе биде средена и нашминкана. Таа исто така пишува дека Доналд бил уште тогаш опседнат со Иванка и со тоа дека неговата ќерка е најубавата и најпопуларната девојка во училиштето.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....