23.8 C
Скопје
15:09 - 29 септември, 2026

Вики Миљковиќ ѝ се приклучи на „Пинк“: По девет години заминува од „Гранд“ и станува дел од „Пинкови ѕвезди“

Српската фолк-пејачка Вики Миљковиќ е новото засилување во жирито на музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

По речиси една деценија мината како ментор и членка на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Миљковиќ донела одлука да го напушти шоуто и да премине во конкуренциската продукција.

Како што објави српскиот таблоид „Курир“, таа прифатила поволни услови што ѝ ги понудила телевизијата Пинк, што било пресудно за нејзиниот трансфер.

Со најавата на новата сезона на „Пинкови ѕвезди“, започнаа и шпекулациите околу составот на жирито. Продукцијата на Пинк веќе активно работи на аудиции и на финализирање на имињата кои ќе седнат во прочуените црвени фотелји и ќе одлучуваат за судбината на младите таленти.

Големо внимание привлече и веста дека во жирито влегува и контроверзниот рапер Драгомир Деспиќ Десингерица, познат по својот специфичен сценски настап и популарноста кај младата публика. Неговото присуство се очекува да донесе шоу и забава од епизода во епизода.

Од друга страна, Дара Бубамара потпиша нов договор со „Гранд продукција“ и останува дел од жирито во „Ѕвездите на Гранд“, што дополнително ја зголемува конкуренцијата помеѓу двете најпопуларни музички платформи во регионот.

Претходно, поранешниот член на „Гранд“, Драган Стојковиќ Босанац, исто така премина на Пинк, каде што повторно се здружи со медиумскиот магнат Жељко Митровиќ.

– Пријателу, нека ни е со среќа. По толку години повторно сме заедно. Тој е еден од најголемите музичари во Србија и ни претставува голема чест. Ова ќе биде најспектакуларната сезона досега – изјави Митровиќ при потпишувањето на договорот.

Босанац додаде дека музиката секогаш мора да предизвика емоции и дека токму тоа ќе биде негов водечки критериум при оценувањето.

Со ангажманот на Вики Миљковиќ, новата сезона на „Пинкови ѕвезди“ добива дополнителна тежина и засилува битката за гледаност меѓу Пинк и Гранд. Публиката, пак, може да очекува возбудлива есен исполнета со музика, драма и нови ѕвезди.

Слични објави

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо
Се вчитува....