09:10 - 13 ноември, 2026

(Видео) Трогателен момент: Северина се расплака среде настап, прегрна момче во инвалидска количка

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (53) уште еднаш покажа зошто е сакана не само како уметница, туку и како личност. Имено, неодамнешниот концерт во Крапински Топлице, Северина забележа момент кој ги допре срцата на публиката и илјадници луѓе на социјалните мрежи.

За време на изведбата на емотивната песна „Роѓено моје“, Северина забележа момче во инвалидска количка во првите редови. Таа слезе од сцената, му се приближи, го фати за рака, а момчето, и покрај здравствените проблеми, успеа да стане.

Во тој момент, Северина го прегрна, создавајќи сцена полна со топлина, сила и надеж.

Пејачката објави видео од средбата на Инстаграм со пораката: „Најтешките борби ги водат најсилните“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Овој гест предизвика лавина од позитивни реакции. Коментарите на нејзините следбеници беа полни со емоции и благодарност: „Плачам… Ја сакам и почитувам оваа жена сè повеќе и повеќе секој ден“; „Ова е жена, мајка, кралица… личност со големо срце“; „Само големите луѓе имаат сила да им се обратат на оние кои често се невидливи“.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....