21.8 C
Скопје
17:02 - 5 април, 2026

(Видео) Новата вила на Емина Јаховиќ вреди милиони: Погледнете го овој „рај на земјата“

Српската пејачка Емина Јаховиќ (42) си изгради нова вила за себе и за своите синови, која, судејќи по првите слики и видеа, изгледа прекрасно.

Ова е нејзиниот нов луксузен дом, по разделбата со турската ѕвезда Мустафа Сандал, а првите кадри ги објави „Папарацо лов“.

Од друга страна, семејната вила на пејачката и нејзиното семејство веќе подолго време е под закуп на турскиот конзулат во Нови Пазар.

Од тоа, како што се вели, Јаховиќ и нејзиното семејство заработуваат и по 2.000 евра месечно.

„Вистина е, ја изнајмивме таа куќа на турскиот конзулат бидејќи е празна 11 месеци годишно, а е голема“, изјави пејачката во една прилика на оваа тема.

Како што изјави во една прилика, таа не се гледа себеси во Нови Пазар.

„Имам пријатели во Белград кои ми се поблиски отколку овде. Убаво си поминувам во Нови Пазар, но многу брзо ми здосадува! Тоа е јасно… Градот е убав, многу го сакам, но не можев повеќе да живеам таму. Белград е убав, сакам да бидам таму… Најпозитивена сум во Белград. Но, ни јас не можев повеќе да живеам таму. И Истанбул… Каде и да се моите деца, таму ќе бидам и јас“, изјави пејачката во една прилика за телевизија Фејс.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....