00:37 - 13 април, 2026

(Видео) Милош Биковиќ пропеа: Актерот сними песна со евровизискиот победник!

Пејачот Дима Билан, којшто ѝ донесе победа на Русија на Изборот за песна на Евровизија во 2008 година, сними песна со српскиот актер Милош Биковиќ.

Станува збор за нумерата „Добро пожаловать в рай“ на руски јазик, којашто е дел од саундтракот за руската серија „Дајте ми шоу“ („Дайте шоу“), во која глуми и српскиот актер. Да потсетиме, Биковиќ ужива голема слава во Русија, каде важи за еден од најпопуларните актери и е „рамо до рамо“ со тамошните филмски ѕвезди.

Билан објави краток сегмент од видеозаписот, со којшто ја испромовира песната.

„Погледајте го спотот за мојата песната со Милош Биковиќ – „Добро пожаловать в рай“.

Ова е монолог-молитва на маж упатен до жена, во кој љубовта добива фатален облик: невозможно е да бидат заедно, но не можат да бидат и разделени. Концептот на рајот во песната ја претставува идејата за среќна форма на постоење, која е различна за секого. Зборува за тоа како, во потрага по сон и претставата ‘Рај’, човек завршува на сосема погрешно место“, напиша Дима во својата објава на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dima Bilan (@bilanofficial)


Инаку, ликот на Биковиќ во оваа серија е пејач и, за потребите на серијата, актерот сними три песни.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....