13:03 - 3 април, 2026

(Видео) Марија Шерифовиќ ја запроси Јована Пајиќ среде емисија: Пејачката кажа „да“?

Поп-ѕвездата Марија Шерифовиќ заедно со колешката Јована Пајиќ беше гостинка кај водителот Иван Ивановиќ, и со еден потег ги насмеа сите во студиото.

„На 5 мај е свадбата“, се пошегува водителот, а Марија во тој момент ѝ ставаше прстен на Јована Пајиќ и повторуваше: „Да“.

Кај Ивановиќ гостуваше и пејачката Јована Николиќ, блиска пријателка и со Марија и со Јована.

Често се поставуваат прашања во врска со односот меѓу Марја Шерифовиќ и Јована Пајиќ, а пејачката еднаш изјави дека се голема поддршка една на друга.

„Со Марија се дружам повеќе од 15 години. И летуваме и зимуваме заедно, и таа доаѓа кај мене, и јас кај неа. Ги знае моите деца од мали, сега и јас нејзиниот син. Никогаш тоа никому не му беше интересно, никој не го ставаше во некој контекст. Но, со промената на мојот статус, сето тоа почна да се доведува во прашање. На крајот на денот, и да е вистина, дали сега треба да седнам до некого и да кажам: „Да, точно е“? Сфатив дека што и да кажам, нема да биде доволно, бидејќи никој нема да биде задоволен од одговорот. Оставам секој да мисли што сака“, изјави Јована.

А на прашањето дали тоа значи дека Марија не смее да се прашува за нивниот однос, таа одговори: „Да“.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....