23:03 - 5 април, 2026

(Видео) Ќе ви разбуди носталгија: Елвир Мекиќ сними нова песна со Пајак и се врати на македонската сцена!

По десетгодишна пауза, македонскиот пејач Елвир Мекиќ ѝ се враќа на македонската музичка сцена со дуетска песна со најпопуларниот изведувач меѓу младите, раперот Христијан Настески – Пајак.

Популарноста која денес ја ужива Пајак е налик онаа на Мекиќ и Јован Јованов пред петнаесетина години, времето на најголемата експанзија на македонската популарна музика.

Песната „Негде после два“ не само што има сличен наслов на култната „Некаде после два“, туку и музички потсетува на тој ретро аренби звук.

„Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кои имаат 15 години да не ме познаваат“, изјави Мекиќ.

Музиката е дело на Пајак, текстот е на Елвир Мекиќ, а аранмжманот го направи Иван Јованов – Ивајо. Интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Мекиќ како: „Некаде после два“, „Армија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др.

Видеозаписот е во режија на Гордан Божиновски од продукција „Урбан рекордс“ и е сниман на две локации – трговскиот центар „Дајмонд“ и хотелот „Лимак“. Во спотот се појавуваат моделите Драган Стојчевски и Евгенија Петрушевска.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....