-5.2 C
Скопје
01:49 - 23 декември, 2024

(Видео+фото) Спектакл на Грејс Џонс во Скопје: Музичката икона 12 минути вртеше хулахоп на концертот

Јамајканско-американската пејачка, авторка, актерка и модел, Грејс Џонс, остави неизбришлива трага на секое поле од својата работа, а со настапот во саботата во Скопје, 76-годишната музичарка направи еден вид ретроспектива на својата мината работа.

Екстравагантната Џонс, одржа 90-минутен спектакл во придружба на својот тим составен од триесетина луѓе, на стадионот на АРМ во Градски парк во рамките на фестивалот „Скопје колинг“ во организација на „Авалон продукција“. Џонс ги изведе најголемите хитови од речиси петдецениската кариера.

Грејс Џонс ја дефинира музиката, модата и уметноста речиси пет децении и е незаменлив дел од енциклопедиите на поп културата.

Иконата на поп културата, една од најважните жени во глобалната поп-културна средина во незаборавни час и половина, покажа спој на талент и харизма, но и дека годините не се пречка за врвна изведба. Џонс изгледа и звучи нереално, неверојатен перформанс, моќен, продорен глас и изглед.

Модната икона за секоја песна менуваше делови од облеката, користејќи ги своите добро познати стајлинзи од разни видеа и модни ревии и за секоја имаше специјално осмислен настап.

Грејс Џонс со песните ја прошета публиката од Јамајка преку Париз до Њујорк, изведувајќи ги „Jamaica“ „Slave To The Rhythm“, „I’ve Seen That Face Before“, „Love is The Drug“, „Pull Up To The Bumper“, „Nightclubbing“, „Private life“, која ја испеа со многу емоции, како своевиден рецитал. „Pull up to the bumper“ ја изведе качена на рамениците на член од тимот и се поздравуваше со публиката.

Изведувајќи нова песна во фанк ритам ја разигра публиката и во текот на целиот концерт комуницираше со неа. Неверојатна журка со многу танцување!

Моментот кој наиде на најголемо воодушевување кај публиката беше кога вртеше хулахоп околу половината во текот на десетминутната изведба на завршната песна „Slave To The Rhythm“.

Спектакуларниот концерт го заокружи со изведба на легендарната „La Vie En Rose“ .

Џонс сѐ уште изненадува со фасцинантните сценски вештини и непобитната аура на една музичка дива.

Неколкуилјадната публика сведочеше на сериозен визуелен и музички спектакл, приреден од еден од најголемите „мајстори на сцената“ – Грејс Џонс!

И уште еднаш да потврдиме, Грејс Џонс на 76 години звучи и изгледа неверојатно! Судејќи по енергијата што ја има единствената Џонс, таа тука не застанува.

Грејс Џонс ја започна својата музичка кариера во 1977 година, носејќи на сцената неверојатни костими, кои беа важен и составен дел од нејзините настапи. ВХ1 ја вклучи Грејс Џонс во листата на 100 најважни жени на рокенролот, додека „Билборд“ ја смести меѓу 40-те најголеми имиња во клупската култура. Звучната флуидност на нејзината музика, препознатливиот андрогин изглед и нејзините впечатливи визуелизации доведоа до тоа да стане муза и на бројни светки модни дизајнери.

Фото: Драган Митрески

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....