07:58 - 2 август, 2026

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Пејачот Дамјан Стојаноски сподели архивска снимка од 1997 година, откривајќи дел од своите најрани музички почетоци.

На видеото, кое го објави на својот инстаграм-профил, тој се појавува како двегодишно дете, настапувајќи заедно со својот татко, познатиот македонски интерпретатор Војо Стојановски, во Универзалната сала во Скопје.

Со оваа објава, Стојаноски потсети на силната поврзаност со татко му, но и на фактот дека неговиот музички пат започнал уште од најрана возраст, токму покрај него.

„1997 година… Мојот прв настап на само две години, рамо до рамо со татко ми во легендарната Универзална сала. Една мисла имаме – од првиот здив, па сѐ до крајот“, напиша тој во описот.

Инаку, Дамјан Стојаноски денес активно ја гради својата кариера како интерпретатор на македонска народна и новокомпонирана фолк музика, продолжувајќи ја традицијата што ја остави неговиот татко, чии песни и понатаму се дел од неговите настапи.

Војо Стојановски, кој почина во 2014 година, зад себе остави бројни антологиски песни и значаен придонес во македонската народна музика.

Слични објави

„Маки беа тоа…“: Соседите открија со кого живее Гаги Ѓогани и како му минуваат деновите

Еспресо

Реља Поповиќ првпат отворено за татковството: „Со Николија потекнуваме од дисфункционални семејства, не смеам да потфрлам како татко“

Еспресо

Аѓелка Прпиќ објави неочекувано видео од летувањето, многу жени веднаш се препознаа

Е.А.

Се огласија организаторите на концертот на Дино Мерлин во Сараево: Еве зошто настанал хаос

Еспресо

(Видео) Каспер сподели приватни снимки со Мина Костиќ, еве како ги поминуваат заедничките моменти по тешкиот период

Еспресо

Тој тврдеше дека ја фатил во неверство, таа велеше дека се оддал на пороци — приказната за разводот на Гоца Тржан и Иван Маринковиќ

Еспресо
Се вчитува....