7.8 C
Скопје
19:37 - 1 април, 2026

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Пејачот Дамјан Стојаноски сподели архивска снимка од 1997 година, откривајќи дел од своите најрани музички почетоци.

На видеото, кое го објави на својот инстаграм-профил, тој се појавува како двегодишно дете, настапувајќи заедно со својот татко, познатиот македонски интерпретатор Војо Стојановски, во Универзалната сала во Скопје.

Со оваа објава, Стојаноски потсети на силната поврзаност со татко му, но и на фактот дека неговиот музички пат започнал уште од најрана возраст, токму покрај него.

„1997 година… Мојот прв настап на само две години, рамо до рамо со татко ми во легендарната Универзална сала. Една мисла имаме – од првиот здив, па сѐ до крајот“, напиша тој во описот.

Инаку, Дамјан Стојаноски денес активно ја гради својата кариера како интерпретатор на македонска народна и новокомпонирана фолк музика, продолжувајќи ја традицијата што ја остави неговиот татко, чии песни и понатаму се дел од неговите настапи.

Војо Стојановски, кој почина во 2014 година, зад себе остави бројни антологиски песни и значаен придонес во македонската народна музика.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....