5.8 C
Скопје
02:11 - 1 април, 2026

Весна Змијанац со емотивна исповед за Николија: „Многу тешко сè ова го доживувам…“

Пејачката Николија Јовановиќ се подготвува за својот прв солистички концерт во кариерата, а на сцената како почесна гостинка ќе ѝ се придружи нејзината мајка, легендарната Весна Змијанац.

Неколку дена пред големиот настап, Весна откри дека подготовките ги доживува многу емотивно и со голема возбуда.

„Многу тешко сè ова го доживувам. Мислев дека ќе се занимава со економија, за тоа ја подготвував и ѝ плаќав да учи, но таа на крајот запеа“, изјави Весна, додавајќи дека во нивниот дом отсекогаш имало песна и музика.

Со доза на хумор, Николија додаде: „Запеа и економски пропадна. Мама, мораш да признаеш, на тато ќе му биде потешко, и тој ќе биде во публиката“.

Весна не ја крие својата гордост кон ќерка си: „Мојот најсреќен ден беше кога ја родив, а вториот ќе биде кога ќе ѝ бидам гостин на концертот. После тоа слободно можам да умрам, иако Николија ми забрани“.

Концертот ќе содржи 40 песни, а мајката и ќерката ќе изведат една заедно. Иако Николија тврди дека крие возбуда, мајка ѝ откри дека емоциите веќе ја совладуваат и дека дури и заплакала за време на подготовките.

„Мешање на емоции, одговорност и очекувања од самата себе – така го опишувам ова чувство“, вели Николија.

Весна, која зад себе има илјадници концерти, признава дека денес повеќе ужива во настапи во кафани, но овој концерт го доживува како еден од најголемите и највозбудливите моменти во последните години.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....