13:03 - 3 април, 2026

Тони Цетински ја посвети новата песна на децата од разведени родители: „Тие најмногу страдаат“

Тони Цетински објави нова песна со наслов „Пиши пропало“, чии автор на музиката и текстот е Анте Пецотиќ.

„Морам да признаам дека со оваа песна имав тежок предизвик, бидејќи Анте напиша нешто искрено, интимно и силно, а таквите нешта не се лесни за да се испеат. Дополнително, и самиот поминав низ истото што Анте го преточил во оваа песна. Ми претставува голема чест и му благодарам за довербата, затоа што ваква емоција не може секој да ја напише и да ја сподели со луѓето“, изјави Цетински.

Посвета за децата на разведени родители

Песната ја посвети токму на децата чии родители се разведени.

„Многу луѓе таму некаде можат да се пронајдат во она што го претставува Пиши пропало, па затоа решивме оваа песна да им ја посветиме токму ним, како и на сите деца од разведени родители. Да, за жал, денес има премногу разводи, и тоа го сметам за пораз за двете страни – затоа што најчесто страдаат децата. Би сакале да не е така, и љубовта кон децата секогаш да биде на прво место“, додаде тој.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....