19:03 - 15 јануари, 2026

Томас Џуниор за неговата полустестра: МЕГАН Е ПЛИТКА, МУ РЕКОВ НА  ХАРИ ДЕКА ЌЕ МУ ГО  УНИШТИ ЖИВОТОТ!

Братот на Меган Маркл жестоко удри по својата сестра, откри како војвотката се однесувала кон нејзиното семејство!

Томас Џуниор не доби покана за кралската венчавка, ниту неговата сестра Саманта Маркл, која исто така во неколку наврати отворено зборуваше за нејзиното отуѓување од Меган.

Како што неговата полусестра Меган со своето семејство ја премина барата и одлучи да ги искористи јавните настапи за да го критикува  кралското семејство, така и Томас Маркл Џуниор пловеше низ Пацификот и ги искористи своите пет минути слава за да ја критикува војвотката од Сасекс.

Освен фактот дека неговата сестра по татко се омажи за британскиот принц и дека во 2019 година настапи на боксерскиот турнир на познати личности во Атлантик Сити под прекарот „Војводата“, не е познато како Томас Маркл Џуниор (55) го стекнал статусот на славна личност, но продуцентите на австралиското реално шоу Големиот брат ВИП го рангираа меѓу 12 -те познати натпреварувачи, пренесува „Дејли Меил“ (Daily Mail).

Во првиот трејлер на претстојното реално шоу на ѕвезди во кое, меѓу другите познати личности, се и Кетлин Џенер и поранешниот политички соработник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – Омарос Маниголт Њуман, Томас Џуниор навестува како ќе ја води австралиската публика до тајните на кралското семејство.

Томас ги искористи првите неколку секунди слава за да им укаже на Австралијците дека неговата 15 години помлада полусестра е „плитка“.

Во објавата, Томас се опишува себеси како најстариот брат од сите, и не ја пропуштил можноста да се пофали дека го предупредил принцот Хари да не се жени со Меган.

– Му реков на принцот Хари: „Мислам дека ќе ти го уништи животот“ – вели Томас додека излегува од лимузината и објаснува: „Таа е многу плитка“.

Иако „му реков на принцот“ звучи помоќно, Томас всушност го предупредил Хари со рачно напишано писмо во пресрет на кралската венчавка во 2018 година дека не е предоцна тој да откаже сè.

Му напишал и дека Меган очигледно не е вистинската жена за него и дека ѕвездата на „Suits“ е потпросечна холивудска актерка од Ц-категорија, која не добива улоги, па затоа сега се обидува да стане принцеза.

Томас Џуниор не доби покана за кралската венчавка, ниту неговата сестра Саманта Маркл, која исто така во неколку наврати отворено зборуваше за нејзиното отуѓување од Меган.

ВИП Големиот брат не е прв, и веројатно нема да биде последен пат кога Томас Џуниор го користи името и статусот на својата полусестра на несоодветен начин во своја полза.

Пред две години се појави во реклама за пиво со слика на Меган Маркл, во која е прикажан во обид да ја украде круната на кралицата Елизабета Втора од Бакингемската палата, но наместо круната на кралицата, избра пакет пиво.

 

Слични објави

Српскиот пејач пеел на свадба од 3.000.000 евра! ​​Открил голема тајна: „Реткост се богати свадби во Србија“

Еспресо

Рада Манојловиќ и Катарина Грујиќ се скараа поради овој маж: Пејачките со години во војна, конечно откриена вистинската причина

Еспресо

(Фото) Јелена Томашевиќ сподели среќна вест: Денеска е посебна повод за прослава на најхармоничната двојка

Еспресо

Прва кавга меѓу Мина Костиќ и Каспер: Пејачката се налутила на својот дечко поради еден потег

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Заедно за подобро здравје, кредит со 0 отсто камата

Еспресо

(Фото) Жешки кадри на Уна: Ќерката на Чола ги истакна бујните гради

Еспресо
Се вчитува....