15.8 C
Скопје
13:47 - 23 март, 2026

Теодора Џехверовиќ брутално ѝ одговори на Ема Радујко: „Ти беше мој фан и сакаше да бидеш сѐ што сум јас“

Пејачката Теодора Џехверовиќ жестоко ѝ одговори на нејзината помлада колешка Ема Радујко, која ја прозва додека гостуваше во поткаст.

Имено, многумина беа изненадени што Радујко бурно реагираше на прашањето за споредбата со Џехверовиќ, а не криеше дека е „над неа“ затоа што е природна, за разлика од Џехверовиќ „која има естетски зафати“. Исто така, Радујко истакна дека, за разлика од неа, таа не морала да си го трасира патот преку музички натпреварувања и реални шоуа.

„Искрено се изненадив кога го видов нејзиното интервју, бидејќи можеби Ема не сакаше да каже ништо лошо, но испадна грдо. Навистина ѝ ја дадов сета поддршка и затоа очекував секаде да зборува за мене онака како што јас заслужувам, без да спомнува естетски зафати или реални шоуа, пат кој мислам дека беше крајно трнлив, но точен“, вели Џехферовиќ.

Таа ја потврди приказната на менаџерката Сандра дека токму таа им помогнала да се запознаат, а со тоа и соработката.

„Ја поканив без никаква суета да биде во мојот спот, кога ѝ ја запозна Сандра (менаџерката), а слушнав за неа кога луѓето ми покажаа девојка која се слика како мене, се облекува како мене, танцува како мене и тоа беше навистина многу слатко. Нема потреба таа да спомнува работи кои се сосема неважни за прашањето ‘дали ме имитира’, но треба да биде искрена дека пред сето ова навистина беше мој обожавател и сакаше да има сѐ што имам јас“, пОТЕНЦИРАШЕ тЕОДОРА.

Сепак, таа не ѝ посакува ништо лошо на својата помлада колешка, напротив.

„Од сѐ срце и посакувам сѐ најдобро во животот, бидејќи не му посакувам лошо ни на мојот најголем непријател, а камоли некој што доби шанса од мојата многу блиска соработничка и пријателка Сандра“, изјави Џехверовиќ за „Пинк“.

Слични објави

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Еспресо

Маја Николиќ го покажа пластичниот веренички прстен: „Не ми требаат дијаманти…“

Еспреси

(Фото) „Да имаш сила кога е тешко“: Соња Тарчуловска ја покажа сестра си

Еспресо

Не сака ништо со него! Ана Ивановиќ ја прекина и последната врска со Швајнштајгер, стави крај и на заедничките милионски бизниси

Еспресо

(Видео) Елена Велевска: Јас сум најодговорната мајка, децата ми се разбрани

Еспресо
Се вчитува....