3.8 C
Скопје
03:48 - 17 март, 2026

Тажна исповед на Халид Бешлиќ: Мојата сопруга имаше тумор и не можевме да имаме повеќе деца

Босанскиот пејач Халид Бешлиќ сподели неколку детали од приватниот живот, а се осврна и на врската со сопругата Сејда со која е во брак повеќе од 40 години.

Тој раскажа како и каде се запознале, и што морале да надминат во текот на долгите години од нивниот заеднички живот.

„Не ја запознав сопругата за време на настап. Нас нè запозна мојата свеска, сестрата на мојата сопруга, која работеше во кафаната во која настапував. Сејда не излегуваше по кафеани. Кога се запознавме, веднаш увидов дека тоа е тоа. Ние се забавувавме половина година и веднаш потоа се венчавме. Толку години функционираме и заедно сме и ден-денес. Имаше и тешки години во нашата врска, но се надминавме“, изјави Бешлиќ за „Курир“, а пренесе „Вечерњи лист“.

Исто така, проговорил и за здравствената состојба на неговата сопруга, односно за периодот кога се соочувала со тумор на јајниците.

„Не го почувствував моментот кога бев татко. Имам само едно дете. Мојата сопруга имаше проблеми со јајниците и поради тоа не можевме да имаме повеќе деца. Имаше тумор на јајниците, кој го решивме со операција. Ништо никогаш не им недостигало… Постојано патував, работев… не можеш да се занимаваш со музика и да си дома цело време, затоа велам дека тие моменти не ги почувствував на вистински начин“, вели пејачот.

Посочува дека му недостигаат колегите и дека нема со кого да пие кафе.

„Ми недостига младоста! Времето минува… нема да се врати, но ми недостига мојата младост. Што се однесува до колегите, многу ми недостигаат… Мојата генерација полека нè напушта, немате со кого да пиете кафе сега. Таму има и помлади, но не сакам да бидам со нив. Најмногу ми недостигаат Кемал Монтено и Давор… Бев многу близок со нив“, изјави Монтено.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....