6.8 C
Скопје
08:46 - 1 април, 2026

„Татко ми живееше стотици животи“: Ела Дворник со емотивна порака за Дино на неговиот роденден

Ела Дворник не можеше да го сокрие емотивниот момент кога се потсети на својот татко, легендарниот „крал на фанкот“ Дино Дворник, кој денес ќе го наполнеше 61 година.

Познатата инфлуенсерка на социјалните мрежи објави фотографии од својот татко, придружени со порака која разнежни многумина:

„Татко ми денес ќе имаше 61 година. Наместо да жалиме што го нема, повеќе сме среќни што имавме можност да го имаме. И понатаму живее во приказните на келнери, музичари, случајни минувачи и таксисти, кои секојпат ни откриваат некоја нова анегдота за него. Често велам дека, всушност, живеел стотици животи – а ние сè уште откриваме нови,“ напиша Ела.

Под објавата се нижеа коментари од фанови: „Беше најдобар“, „Само еден е Дино“, „Пред своето време, вистински крал“, „Нема добра веселба без твојот татко“.

Да потсетиме, Дино Дворник почина на 7 септември 2008 година, само неколку дена по својот 44. роденден. Причината за смртта беше кобна комбинација на антидепресиви, апчиња за смирување и лекови против болка.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....