7.8 C
Скопје
04:58 - 2 април, 2026

Тага во Босна: Почина музичарот Златко Карахоџиќ на 31 година

Босанскиот музичар и продуцент Златко Карахоџиќ почина на 31-годишна возраст по кратко боледување, јавува телевизијата Н1.

Адмир Чулар, член на сараевската рап група „Хелем нејсе“, се прости од Карахоџиќ на социјалната мрежа Фејсбук.

„Брате мој, душа моја, таква болка не сум почувствувал во животот. Ти благодариме за твоето пријателство, добрина и се што поминавме заедно. Спиј мирно и одмори се. Те сака твојот Гагара“, напиша Чулар во описот на заедничката фотографија со Карахоџиќ.


Телевизијата Н1 пишува дека луѓето кои го познавале Карахоџиќ велат дека тој е вистински пријател, одговорен колега и одличен музичар и личност.

Некои од неговите први настапи беа соработките со босанската кантавторка Есма Нумановиќ. Со неа соработуваше и на нејзиниот прв албум „Блиста“, кој излезе оваа година. Карахоџиќ соработуваше со австралиско-босанскиот инди-поп-пејач и текстописец Хектор Гачан, сараевската панк група „Панк Флојд“ и „Хелем Нејсе“.

Карахоџиќ беше и продуцент во редакцијата на Забавната програма на Федералната телевизија.

„Потресна и болна е веста дека засекогаш остануваме без колега и пријател кој се вгради во сите наши програми последниве години, во момент на неговата младост и ентузијазам за живот.

Златко Карахоџиќ, продуцент во редакцијата на забавната програма на Федералната телевизија, се вклучи во продукцијата на нашата Утринска програма, списанијата Претежно ведро и АртКварт, како и продукциската координација помеѓу неколку наши редакции и програми.

Сега треба да живееме и да работиме без нашиот Златко, кој беше голем другар, пријател, колега… широк и весел поглед на секојдневието, но никогаш нема да го заборавиме сето она што ни го даде и ни остави.

Почивај во мир драг Златко“, изјави Ивица Пјаниќ, уредник на утринската програма и редакција на културната програма на Федералната телевизија .

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....