6.8 C
Скопје
04:32 - 31 март, 2026

Светски концерт на Сенидах во Скопје, шоу кое долго ќе се памети

Светско шоу одржа регионалната музичка ѕвезда Сенидах во Скопје, на концертот кој се одржа вчера, симболично на Денот на вљубените, 14 февруари, во салата „Јане Сандански“.

Публиката со згодната пејачка во еден глас ги пееше рефрените на хитовите кои претходно ги слушна целиот регион: „Делија“, „Бехуте”, „Слаѓана”, „Иди гаде” и многу други.

Салата беше преполна со обожаватели на Сенидах Фото/Аљоша Јуркошек

Салата беше полна со обожаватели кои уживаа во несекојдневната забава со Сенидах, надополнета со богат сценски настап и одлично осветлување и озвучување. Визуелните проекции и внимателно осмислената сценографија го претворија концертот во вистинско аудиовизуелно доживување.
Балканската музичка сензација ја претвори Арената „Јане Сандански“ во центар на енергија, емоции и спектакл, приредувајќи шоу на светско ниво под продукциска режија на „Скај мјузик“.

„Слатко мое Скопје“, рече Сенидах пред концертот, а на самиот настан таа со публиката се соедини како едно тело и постојано комуницираше со нив, со песните и со интересни приказни.

Дефинитивно, Скопје доби шоу кое долго ќе се памети. Препознатлива по моќниот вокал и единствениот звук кој храбро ги спојува аренби, трапот и балканските ритми, Сенидах докажа дека го залсужи статусот, ѕвезда на новата генерација

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....