09:55 - 12 април, 2026

Српското МНР му одговори на украинското: Милош Биковиќ е еден од најдобрите српски актери, тврдењата ви се неосновани

Министерството за надворешни работи на Украина ја искритикува американската телевизиска мрежа „Ејџ-би-о“ затоа што му ја даде главната улога во серијата „Белиот лотос“ („The White Lotus“) на српскиот актер Милош Биковиќ, за кој тврдат дека ја поддржува руската инвазија.

„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на целосната инвазија, сега ќе глуми во третата сезона на „Белиот лотос“, објави украинското Министерство за надворешни работи на социјалните медиуми.’Ејџ-би-о’, дали е во ред да се работи со лице кое поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право?“, велат од Министерството.

Со соопштение до јавноста, сега се огласија и од српското Министерство за надворешни работи и укажаа на целосна неоснованост на тврдењата.

„Република Србија наследува долга традиција на културно творештво и ние сме многу горди на уставно загарантираното право на слободно научно и уметничко творештво.

Нагласуваме дека тврдењата на украинската страна се неосновани, бидејќи Милош Биковиќ, пред сѐ, е еден од најпопуларните и најталентираните српски актери од својата генерација, кој иако млад, веќе остави свој белег во српската и меѓународната кинематографија.

Потсетуваме дека министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, на Милош Биковиќ му врачи повелба на Денот на српската дипломатија во 2019 година за неговиот исклучителен личен придонес за промоција на Србија и нејзиното богато културно творештво во светот“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Србија.

Слични објави

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....