6.8 C
Скопје
02:22 - 31 март, 2026

Српскиот музичар Дејан Митровиќ загина во страшна сообраќајна несреќа, жена со автомобил налетала на него

Српскиот музичар Дејан Митровиќ загинал синоќа на Обреновачки пат во правец кон Обреновац кога на него налетал автомобил управуван од жена.

Како што дознаваат српските медиуми, во тешка сообраќајна несреќа која ја предизвикала жена која ненадејно преминала на другата лента, загинал виолинистот на „Оркестар кралеви“.


Дејан Митровиќ од силината на ударот починал на местото на несреќата. За жал, немало помош за младиот музичар и лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.

„Со голема тага и болка сакаме да ги информираме сите пријатели и колеги дека нашиот член на оркестарот, Дејан Митровиќ Декула, трагично го загуби животот, вечна му слава“,  стои во објавата.

 


Колегите на Дејан го паметат како велемајстор на виолина, а на своите профили на социјалните мрежи се простуваат од него со емотивни пораки:

„Вака те сакам и вака ќе те паметам. Почивај во мир, мој добар пријателе“,  напиша на објавата колешката на Дејан, пејачката Марина Богдановиќ.

 

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....