6.8 C
Скопје
05:31 - 31 март, 2026

СОПРУГАТА НА ЗЕЛЕНСКИ: „Ми кажа збор и замина“, „не сум го видела Володимир од почеток на војната“

Олена Зеленска октива кога последен пат го видела сопругот – тој и кажал само збор и заминал…

Првата дама на Украина Олена Зеленска откри дека последен пат го видела сопругот кога започнала војната во Украина, а во интервју за Вог проговори и за агонијата низ која минуваат Украинците.

Како што раскажа, на првиот ден од руската инвазија ја разбудила врева помеѓу 4 и 5 часот наутро, а набрзо дознала дека се работи за експлозии.

Тогаш последен пат го виделе сопругот во одело, вели таа. После тоа се пресоблекол во војничка облека, која ја носи и денес.

„Почна“, беше сè што ѝ кажал тогаш.

Неговата канцеларија набрзо станала место за средба на воената команда, а Зеленски се разделил од семејството. Оттогаш тој и неговата сопруга разговарале само по телефон.

На прашањето што им рекла на деветгодишниот син и 17-годишната ќерка, таа рече:

„На децата не треба ништо да им се објаснува. Тие гледаат сè, како и секое дете во Украина. Секако, тоа не е нешто што деца треба да го гледаат – но децата се многу искрени. Не можете ништо да сокриете од нив“.

Таа рече дека украинската младина ќе прерасне во патриоти, подготвени да ја бранат својата татковина. Кога станува збор за децата, најдобрата стратегија е вистината, додаде таа.

Олена вели дека Путин тргнал да го подели нејзиниот народ, но тоа е невозможно.

„Токму овој личен гнев и болка што сите ги чувствуваме во моментов ја активира жедта за акција, отпорот на агресијата, бранејќи ја нашата слобода“, рече таа, додавајќи дека Украина стана земја на волонтери: со уметници, угостители и фризери кои работат заедно за да им помогнеат на своите браќа кои се со оружје во раце. Таа им се заблагодари на сите земји кои примија украински бегалци.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....