6.8 C
Скопје
08:44 - 1 април, 2026

„Со поглед ни црташ насмевка“: Синот на Павле и Ирина Камилоски наполни една година

Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска му направија голема роденденска забава на синот Јосиф, кој вчера (18 јуни) го прослави првиот роденден.

Тие се одлучија за тематска забава, инспирирана од долгометражниот анимиран филм „Кралот лав“, која ја направија во еден познат скопски ресторан. Целиот простор бил декориран со мотиви на џунглата, плишани лавови, украси со ликот на Симба и многу балони.

Среќните родители споделија повеќе видеа и фотографии од прославата и ја пренесоа велата атмосфера и дружењето  со гостите.

Фото: Инстаграм/Павле Камилоски
Фото: Инстаграм/Павле Камилоски

Ирина објави и фотографии од својот сопруг и синот, а притоа напиша и емотивна порака.

„Со погледот ни црташ насмевка. Ти си утрото што го чекам. Ти си сонцето што ми свети и ме грее во денот.

Ноќта што ја чувам себично од другите, во ситните саати додека те гледам како спиеш. Кротко јагне мое.

Не можев да замислам какво е чувството да сакаш човечко битие кое е пола ти, пола твојата најголема љубов. И тогаш се роди ти.

Нашиот Јосиф. Мојата снага и најголема слабост. Најсреќен роденден! Те сакам,“ напиша таа.

Фото: Инстаграм/Ирина Дишовска

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....