11.8 C
Скопје
10:14 - 15 март, 2026

Скандалозниот развод на Џони Деп и Амбер Хард поприма нови размери: Се спомува Илон Маск и секс во тројка

Кара Делевињ, Амбер Хард и Елон Мaск, наводно, имале секс во тројка пред четири години, веднаш по разводот на Амбер од Џони Деп.

Profimedia

Манекенката и актерка Кара Делевињ е последното познато име поврзано со скандалозниот развод на Амбер Хард и холивудскиот заводник Џони Деп.

Наводно, таа водела љубов со Амбер во станот на Деп во Лос Анџелес во 2016 година, а им се придружил и Илон Мaск, пишува Мирор.

Маск, Хард и Делевињ наводно имале афера веднаш по разводот на Амбер од Деп. Извори блиски до актерот посочуваат дека Деп не ја исклучува можноста да ја повика Кара на суд за да ги искористи сите информации што ги има против неговата 34-годишна поранешна сопруга.

Profimedia

Тој претходно побара од Илон Мaск и од Џејмс Франко да му ги предадат на судот пораките, мејловите и сите писмени разговори што ги имале со Хард во мај 2016 година.
„Во овој случај сè може да се случи“, заклучиле експертите, кои од самиот почеток го следат случајот со нивниот развод.

Profimedia

Џони Деп поднесе тужба против Амбер Хард, откако во Вашингтон пост таа објави дека е жртва на семејно насилство. Тој остро реагираше и истакна дека никогаш не кренал рака на неа.

Оттогаш, адвокатите почнаа да собираат бројни пораки што си ги разменувале Хард и Деп со пријателите, во кои имало детали за нивната врска.

Слични објави

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо
Се вчитува....