19:14 - 2 април, 2026

Што ги чека гледачите во франшизата за Џејмс Бонд, продуцентот открива детали за следниот таен агент 007

Продуцентот и сценарист на франшизата за „Џејмс Бонд“, Мајкл Г. Вилсон(80) открива дека следниот таен агент најверојатно ќе биде актер во триесеттите години бидејќи актерите од помладите генерации немаат искуство за таква улога.

Мајкл, кој ја продуцира франшизата со својата полусестра Барбара Броколи, открива што бараат во следниот „Бонд“ по заминувањето на Даниел Крег. Говорејќи на настанот за Бонд во Британскиот филмски институт во петокот, тој признал дека во минатото барале помлади актери, но инсистирал дека тоа „не функционира“.

– Запомнете, Бонд е веќе ветеран, има одредено искуство. Тој е личност која, така да кажам, поминала низ војни. Веројатно бил во САС или нешто слично, тој не е дете од средно училиште што можете да го најдете и само да почне“, рече Мајкл, пренесе Deadline.

Тој додаде дека сe уште не почнал да ја бара замената за Даниел откако популарниот актер ја завршил последната Бонд улога во „No Time To Die“. Според она што го зборувал, се чини дека следните агенти на 007 нема да бидат Идрис Елба (50) ни Том Харди (45).

Други актери кои беа најавени за улогата се Џек О’Конел (32), Ричард Маден (36), Реџе Жан-Пејџ (34) и Хенри Кавил (39).

Слични објави

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо
Се вчитува....