7.8 C
Скопје
23:21 - 30 март, 2026

Шарлин од Монако останува „до недоглед“ во Јужна Африка без Алберт

Сопругата на принцот Алберт од Монако, принцезата Шарлин, која престојува во Јужна Африка со месеци после операцијата предизвикана од инфекција, сподели со своите следбеници снимка што ја прикажува во црно-бело, со очи нагласени со црна боја и со горд поглед на воин.

Фотографијата на Шарлин од Монако е дел од кампањата за одбрана на носорозите, за да се избегне ловокрадство поради нивните скапоцени рогови. Поканата за ставање крај на злосторствата врз животните, исто така, е  поддржана со видео.

Принцезата веќе неколку месеци е во Јужна Африка, а изговорот дека овој долг престој се должи на опоравување од болеста, односно операцијата, веќе не „држи вода“. Така, многумина веќе претпоставуваат дека вистинската причина е криза во врската со нејзиниот сопруг Алберт.

Самата Шарлин во неодамнешното интервју за Јужноафриканското радио 702 објасни дека нејзиното враќање во кнежеството нема да се случи пред есента 2021 година. Ова се фактите, но гласините веќе ја гледаат трајно префрлена во Јоханесбург, каде што може да започне бизнис. со нејзиниот пријател милионер Колин Глајс.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....