4.8 C
Скопје
07:29 - 27 октомври, 2026

ШАНЕН ДОЕРТИ ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ СЕ БОРИ: „Многу сум благодарна за секој ден. Ракот во четвртата фаза не значи крај на животот“

Шанен Доерти, поранешната Бренда Волш од „Беверли Хилс 90210“ се врати на Инстаграм за да зборува за себе и за својата болест, овојпат со повеќе оптимизам.

Глумицата, обожавана од фановите, пак се покажа пред својата публика со целосна едноставност, заблагодарувајќи им се за се, и за тоа што со љубов ѝ возвраќаат секој ден:

„Многу сум благодарна за секој ден. Се будам со чувство на благослов што сум тука. Напредувам. Дека сум опкружена со сакани кои продолжуваат да го збогатуваат мојот живот и благодарна сум ви на сите вас што ја споделувате вашата љубов и вашите приказни со мене “, напиша актерката во објавата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

За жал, нејзината историја со болеста трае од 2015 година кога на актерката ѝ беше дијагностициран рак. Од тој момент па натаму, ѕвездата никогаш ништо не криеше, напротив, таа одлучи да ги документира различните фази од развојот на нејзината болест на Инстаграм, од губење на косата како резултат на хемотерапија до ремисија во април 2017 година, до повторување во 2019 година. И се ова го правеше за да ги охрабри оние кои делат слични здравствени проблеми со нејзините и за да докаже дека може да се биде посилен, и од самата болест,  и дека „и болните луѓе можат да работат“.

Шанен Доерти, во меѓувреме, даде неколку интервјуа, а неодамна за „Variety“ изјави дека „Најдобар пример што можам да продолжам да им го давам на другите пациенти заболени од  рак и на надворешниот свет кој нема рак, е да им покажам како изгледа пациентот со рак. Ние, (заболените, н.з) можеме да работиме. Што се однесува до мене, јас само се обидувам да живеам најдобро што можам, да бидам најдобриот пример во моментов“.

Сепак, и покрај нејзините најдобри намери и големи напори, не ѝ беше секогаш лесно да се врати пред камерата.

 

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....