Северина се потсети на Оливер Драгојевиќ, на втората годишнина од неговата смрт. Таа објави снимка од нејзините концерти, каде што ја отпеа „Цесарица“ и ја раскажа анегдотата поврзана со еден од најголемите хрватски музичари на сите времиња.
„Оливер го сакав како музичар и како личност … Патувавме заедно неколкупати, се смеевме, тој возеше брзо … Некаде во летото 2001 година, тој ме замоли да одржам концерт во Вела Лука. Јас реков дека не можам, на што тој одговори „јас не можам повеќе од тебе“. Така ме шармираше, а јас отидов да пеам во апостолки бидејќи наминав од плажата… Луѓето дојдоа да го слушаат Оливер, им ја објаснив ситуацијата и сите се смееја“.
„Ова не е тој концерт, овој се одржа во некој клуб во дијаспората пред две години, малку пред тој да замине … Затоа што луѓето насекаде го сакаа и ние го сакаме сите… Засекогаш си тука… “, напиша Северина