05:13 - 6 април, 2026

Сестрата на Сандра Булок откри како актерката се грижела за својот партнер пред неговата смрт

Брајан Рендал, долгогодишниот партнер на актерката Сандра Булок почина викендов на 57-годишна возраст по долга борба со амиотрофичната латерална склероза. Булок (59) го запознала фотографот Рендал кога го фотографирал роденденот на нејзиниот син Луис во јануари 2015 година. Тие ја објавија својата врска истата година, појавувајќи се заедно на свадбата на Џенифер Анистон и Џастин Теро.

„Ја најдов љубовта на мојот живот. Не ми треба хартија за да бидам посветена партнерка и мајка”, рекч Сандра во едно интервју за нивната врска.

По смртта на Брајан Рандал, на Инстаграм се огласи Џесин Булок-Прадо, сестрата на Сандра Булок. Џесин во емотивна објава откри како Сандра се грижела за својот партнер во неговите последни денови.

„Уверена сум дека Брај го најде најдоброто место за риболов на небото и веќе ја фрла својата мамка за лососи во брзаците. АЛС е сурова болест, но има одредена утеха во сознанието дека тој ја имаше најдобрата грижа благодарение на мојата неверојатна сестра и тим медицински сестри кои таа ги собра и кои ѝ помогнаа да се грижи за него во нивниот дом. Почивај во мир Брајан“, напиша Џесин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gesine Bullock-Prado (@gesinebp)

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....