20:03 - 28 април, 2025

Сер Пол Макартни со полни 80 години ќе стане највозрасната соло-ѕвезда која ќе настапи на Фестивалот Гластонбери: Били Ајлиш – најмладата ѕвезда

Фестивалот, кој беше откажан последниве две години поради пандемијата на коронавирус, ќе се врати со поранешниот член на „Битлс“ како главен настапувач во сабота навечер, точно една недела откако тој го прослави својот 80. роденден и над 60 години музичка кариера.

Сер Пол Макартни ќе стане највозрасната соло-ѕвезда на вечерта на Фестивалот Гластонбери во Велика Британија. Неговиот настап е в сабота, еден ден откако 20-годишната Били Ајлиш треба да стане најмладата ѕвезда на вечерта на фестивалот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul McCartney (@paulmccartney)


Настапот на сер Пол се очекува да привлече голема публика и може да им парира на оние на „Ролинг стоунс“ од 2013, и на Адел во 2016 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul McCartney (@paulmccartney)


Сер Пол Макартни е роден во Ливерпул, Англија, 1942 година, па го запознал Џорџ Харисон на училиште. Потоа, на 15 години, го запознал и Џон Ленон, па подоцна со Стјуарт Сатклиф на бас-гитара и Пит Бест на тапани, ја создале групата „Битлси“. Кога Сатклиф го напуштил бендот 1961, Пол го презеде басот. Сер Ринго Стар го замени Бест како тапанар во 1962 година. Хитови што се помнат се: „Love Me Do“, „Twist And Shout“, „All You Need Is Love“, „Let It Be”, „Hey Jude“… Поп-рок бендот се распушти во 1970 година.

Слични објави

Едита сака свадба каква што имаше Теа Таировиќ: „Но само во моето потесно семејство имам 700 луѓе“

Еспресо

Сандра Африка посакува помлад маж: „Љубоморна сум, но сакам да се заљубам“

Еспресо

Милиќ Вукашиновиќ за престојот во болница и протезата на ногата: Сѐ уште имам болки!

Еспресо

(Видео) Се појавија шокантни снимки од Вики Миљковиќ: „Избришете го ова видео, никој да не го види“

Еспресо

Крадецот кој ѝ украде 10 милиони долари на Ким Кардашијан во Париз ненадејно почина: Судењето почнува денеска

Еспресо

(Фото) Ќерката на Саша Поповиќ го напушти семејниот дом два месеци по смртта на татка си: Александра го објави ова на мрежите

Еспресо