01:50 - 20 декември, 2025

„Се доведов до клиничка смрт“: Ивана Кнез проговори за борбата со вишокот килограми

Македонската дизајнерка Ивана Кнез низ годините често зборуваше за борбата со вишокот килограми и за начините на кои ја одржува својата форма. Сега таа сподели објава на социјалните мрежи, каде откри дека веќе нема рестрикции во исхраната за да ослабе, туку дека „храната ѝ е здравје“.

„Многу често ме прашувате што јадам и како ослабев. Многу ми е жал што на голем дел од жените денес слабеењето им е сè уште главен проблем во делот за себегрижа. И уште повеќе ми е жал што и јас бев дел од една група што солеше памет како да се ослабе по интернетов“, ја започна Кнез својата објава.

Фото: Инстаграм/Ивана Кнез

Дизајнерката вели дека, освен себеси, веќе не слуша совети од други луѓе во однос на тоа како треба да се храни. Исто така, таа откри дека своевремено пушела цигари, била зависна од алкохол и со тоа го довела својот организам до степен на клиничка смрт.

„За мене, веќе во овој стадиум после сите поминати ужаси по нашиве болници, храната ми е здравје. И освен сама себе не слушам никого. Тоа што јас можам сега да го направам за вас е повремено да споделам некој оброк што можеби ќе ве инспирира да се повикате на сопственото здравје и да повлечете линија во исхраната. Нашето тело ни кажува сè, ако внимателно слушаме. Јас бев веган пет години и вегератијанец осум години, пушев и бев зависна од алкохол како пола наше општество, имам пробано скоро сè и сè тоа го направив во погрешно време и на погрешен начин и го колабирав организмот до степен на клиничка смрт“, вели таа.

Фото: Инстаграм/Ивана Кнез

Кнез советува дека е најдобро да не се претерува со храната, туку да се јаде затоа што на телото му треба квалитетна енергија.

„Единствен совет кој го имам за секоја од вас која сака да ослабе е не ждери, јади кога физички ќе си гладна. Не јади затоа што те изневерува, не јади затоа што не ти оди на работа, не јади затоа што не си среќна – вежбај за овие причини и реши си ги проблемите. А јади затоа што си гладна, затоа што на телото му треба квалитетна енергија за да ти ги износи сите стресови на денот. Јас не јадам шеќер и брашно заради здравје, можеш да си слаба и да продолжиш да ги јадеш. Количината ќе те ослабе, квалитетот ќе те оздраве. Ве љубам“, гласи нејзината објава.

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....