14:10 - 9 јануари, 2026

Саша Поповиќ за бебето на Марија Шерифовиќ: „Мислев дека зела дете од некого“

По веста дека српската пејачка Марија Шерифовиќ дека го доби синот Марио со помош на сурогат-мајка, многумина се запрашаа кои се нејзините следни планови во однос на нејзината музичка кариера. Со објава на Инстаграм, таа им одговори на сввоите обожаватели дека наскоро ќе тргне на новата концертна турнеја „Доаѓа љубов“ („Долази љубав“), по што ќе земе подолг одмор.

Покрај музичката кариера, Марија е член на жирито на српското шоу „Ѕвездите на Гранд“, па креативниот директор на шоуто Саша Поповиќ за Шерифовиќ и нејзиниот придонес.

„Бев навистина изненаден кога слушнав дека Марија има бебе. Нашиот пи-ар Весна Милановиќ ме извести, тогаш бев во Опатија и мислев дека тоа е некаква лажна вест, дека е невозможно. Ѝ се јавив на Марија преку видеоповик и кога таа ми одговори, го држеше детето во раце. Мислев дека земала нечие дете, дека е некоја измислена приказна. Меѓутоа, таа ми ја раскажа целата приказна и ми објасни сѐ. Бев изненаден и среќен, бидејќи знам колку сакаше да има свое дете“, откри потоа како изгледал видеоповикот меѓу него и Марија.

„Прво ја прашав на кој начин, од каде го добила детето… Ми кажа што јавно кажала, дека неколку пати се обидела да забремени, дека не успеала и дека тоа го направила со сурогат-мајка. ДНК-та на детето е нејзина“, продолжи тој.

„Кога ѝ се јавив на Марија, покрај неа беше и мајка ѝ Верица. Тие се во Лос Анџелес и тогаш кај нив беше околу 11 часот навечер. Таа му ја пееше ‘Очи, очи’ од Сузана на малечкото. Ѝ реков: ‘Чекај, ти сакаше машко дете’, на што таа ми рече: ‘Машко е’. Јас продолжив: ‘Да има сини очи’, а таа ми рече: ‘Има сини очи’. Јас реков: ‘Добро, а ќе има ли руса коса?’, Марија ми рече: ‘Ќе видиме, треба да порасне’“, раскажал шеговито сопственикот на продукција „Гранд“.

Слични објави

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

msp-admin
Се вчитува....