22:41 - 2 април, 2026

Роналдо конечно откри дали ќе се ожени со Џорџина

Сите мислеа дека мајката на Кристијано Роналдо сака да го разубеди нејзиниот син да се ожени со Џорџина Родригез, но тој конечно проговори кога би можеле да заѕвонат свадбените ѕвона.

Иако изгледа дека парот живее во вистинска бајка, светските медиуми често пишуваат дека мајката на Роналдо нема најдобро мислење за својата идна снаа. Имено, 67-годишната Долорес Авеиро наводно не верува дека Џорџина навистина го сака нејзиниот син, туку дека е со него поради парите и удобниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Многумина веруваат дека Долорес е причината поради која парот сè уште не застанал пред олтар.

Сепак, Роналдо откри дека има големи шанси наскоро да се ожени со својата избраничка.

– Отсекогаш и велев на Џорџина дека тоа ќе се случи кога сè ќе се среди во нашите животи и таа знае за што зборувам. Тоа може да се случи за една година, за шест месеци или за еден месец, но сигурен сум дека ќе се случи – изјави Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Слични објави

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova
Се вчитува....