16.8 C
Скопје
15:59 - 10 март, 2026

Роман Абрамович во тајна врска со актерка со украинско потекло?

На почетокот на годината почнаа да кружат гласини дека срцето на рускиот олигарх го освоила Александра Корендјук. Постојат цврсти индиции дека тоа е вистина, изјави руската новинарка Бозена Ринска.

Рускиот олигарх Роман Абрамович (55) наводно е во тајна врска со ТВ-ѕвездата и претприемач што учествуваше во руското шоу „You’re All P***ing me Off“, Александра Корендјук (25) и тоа за време на руската инвазија врз Украина.
Нивната романса ја откри руската новинарка Бозена Ринска пред четири месеци.

-Новата девојка на Роман Абрамович е многу интересна. На почетокот на годината почнаа да се шират гласини дека срцето на олигархот го освоила Александра Корендјук. За неа не знаеме многу, ама знаеме дека се занимава со музика и дека имаше неколку обиди како актерка, глумеше хостеса во две епизоди од една московска серија – изјави новинарката.

Наводно новата љубовница на Абрамович имала „затворен начин на живот“, тврдат руските медиуми, а регионалните експерти утврдиле дека има украинско потекло, пренесува Дејли мејл.

-Иронично е што Абрамович се поврзал со Украинка токму кога е санкциониран поради војната и неговата врска со Путин. Лесно е да се види што видел во неа, очигледно е дека ова е една од оние врски што траат до една година – изјавил изворот за еден руски медиум.

Абрамович зад себе веќе има три пропаднати брака, а британските медиуми го поврзуваа и со руската балерина Дијана Вишњева (44). Нејзините настапи го освоиле рускиот могул кој го користел дури и неговиот приватен Боинг 767-33АЕР за да ја гледа во Перм. Сепак, тие тврдења ги демантираше неговиот портпарол.
Да потсетиме, Премиер лигата го отстрани Абрамович од позицијата сопственик на фудбалскиот тим Челзи откако англиската влада ги блокираше сите средства на руските олигарси поврзани со претседателот Владимир Путин. Рускиот милијардер има десетици недвижности во Велика Британија, Русија, САД, Франција и Израел.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо
Се вчитува....