6.8 C
Скопје
05:54 - 31 март, 2026

Роденденска забава со 30 гости сред пандемија: Рита Ора се извини јавно за прекршувањето на мерките

Instagram

Иако ѕвездите треба да бидат пример дека забавите за време на оваа пандемија, особено по драстично зголемените бројки на заболени треба да ги оставиме за некои подобри времиња и тие понекогаш грешат.

Во западен Лондон во еден ресторан се одржала забава на која присуствувале 30 лица, а меѓу нив била и британската поп – sвезда Рита Ора, објави весникот „Сан“.

По тој настан Рита и се извини на јавноста во понеделникот откако призна дека ја организирала забавата по повод прославата на нејзиниот  30-ти роденден, со што ги прекршила рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот.

Instagram
Instagram

Ора рече дека „тоа бил мал собир со неколку пријатели“, но сепак во ресторанот ноќта во саботата присуствувале 30 лица.

Instagram
Instagram

Според правилата за самоизолација луѓето во Англија не смеат да се мешаат со други домаќинства во затворени простории и можат да се сретнат со едно лице надвор. Рестораните се затворени, освен за храна за носење, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Instagram
Instagram

„Одлуката беше донесена со погрешно мислење дека накратко излегуваме од самоизолација, и дека тоа ќе биде во ред“, напиша Ора на инстаграм-стори.

„Длабоко жалам што ги прекршив правилата. Ова беше сериозна и неоправдана грешка. Со оглед на ограничувањата, сфаќам колку овие активности беа неодговорни и преземам целосна одговорност “, стоеше во порака на Ора.






Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....