9.8 C
Скопје
12:05 - 18 декември, 2024

Разговор со Магдалена Алексовска, музичка ѕвезда во подем: Главна опсесија ми е мјузиклот!

Уживаме во македонската музика, а особено кога се работи за нов, но препозналив глас. Магдалена Алексовска е новата музичка енергија која ја освојува нашата сцена, а нејзиниот прв видео запис за песната „Збори ми“ е нов хит.

Музиката, текстот и аранжманот се на Кирил Бабамов и Весна Малинова Бабамов.

Дали музиката и сцената се заразни? 

-Секој мој настап е претежно излив на една емоција, тоа е адреналин. Јас сум зависна од тој адреналин што го чувствувам додека настапувам, дали е на огромна сцена со милионска публика или пред тројца, секогаш се трудам да бидам професионалец. Со секој перформанс таа потреба и зависност се зголемува, добивам желба за уште повеќе настапи. 

Кој тип на музика те освојува?

-Јас можам да слушам многу различни жанрови, од поп до класика до рок, но музика која најмногу ме релаксира и уживам во неа е мјузиклот и џезот.

Како е да се работи на мјузикл ?

-Неописливо. Во изминативе 5 години главната опсесија ми е мјузикл, и кога се отвори шанса да бидам дел од мјузикл како „Ени“, не помислив два пати, одма решив да одам на аудиција. Тие шест месеци низ кои го спремавме мјузиклот беа преубави, секоја проба учевме нешто ново, се забавувавме, добивме многу совети од глумци, пеачи, танчери и композитори кои многу вредеа за да го добиеме крајниот производ.

Јас ја имав улогата на госпоѓица Хениген која е воспитачка во сиропиталиште во Њујорк од далечната 1955 година, таа мрази малечки девојки, а секој момент го поминува со нив, пијаница и лажга. Глумењето на негативец беше многу забавно за мене, ја имав слободата на бина бидејќи најголемиот хумор во мјузиклот лежеше во тој лик, од вриштење до паѓање на сцена. Мислам дека можете да го забележите тој момент во видео спотот од песната „Малечки девојки”.

Како го негуваш гласот? 

-Редовно вежбам, пред секој настап или вежбање убаво се распевам, не пушам цигари, пазам колку можам да не се разболувам, а кога е загаден воздухот редовно носам маска, не само за време на пандемија како оваа што ја минуваме сега. И редовно одам на часови по пеење кај мојот професор Владо Србиновски на кој сум му многу благодарна за се што ме има научено.

Кои твои успеси ги сметаш за клучни во изборот дека музиката е тоа што „те храни”?

-Мене не ми беше потребен успех за да бидам одлучна дека музиката е мојот приоритет. Јас уживам во неа уште од моментот како одлучив да се школувам за таа област, уште од првиот час знаев дека тоа е пофесијата што еден ден посакувам да ја имам.  И така и остана, сеуште музиката ми е на прво место.

Кои настапи се особено значајни во градењето на твојата досегашна кариера?

-Детската Евровизија и Американ Протеже беа најзначајните настани во мојата биографија. На евровизиската сцената во Софија, Бугарија и во Њујорк на најголемата сцена во Карнеги хол, Исак Стерн Аудиториум, јас сфатив колку мене ми значи музиката, колку имам вложено во тоа што го сакам, никогаш не се откажувам, колку и да имам неуспех јас кревам глава и продолжувам понатаму, тоа е само што едно искуство кое ќе ме надогради да бидам подобра во следни пригоди.


Сцена на која сакаш да освојуваш, а сè уште си немала прилика?
 

-Дефинитивно Бродвеј, не ми е битно од кој мјузикл или во која сала, но главното е да учествувам на некоја претстава на Бродвеј, 7 дена во неделата со 8 претстави. 

Со кого би сакала да направиш дует?

-Дует би сакала да направам со Барбара Стрејсенд, врвен вокал со прекрасна техника од сферата на мјузиклот. Таа ми е идол и најмногу се огледувам на нејзе.

Слични објави

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо
Се вчитува....