10:49 - 13 ноември, 2026

Рада Манојловиќ во врска со познат спортист! Пејачката повторно вљубена, ова се деталите од новата љубов

Рада Манојловиќ

Српската пејачка Рада Манојловиќ не крие колку е среќна и исполнета поради познатиот спортист, која ѝ ја врати вербата во љубовта.

По пропаѓањето на врските со колегите Милан Станковиќ и Харис Брековиќ, пејачката Рада Манојловиќ целосно го запостави љубовниот живот и се посвети исклучиво на кариерата.

Таа во повеќе наврати нагласи дека ништо не ѝ се случува во љубовниот живот, како и дека никој не ѝ се допаѓа откако раскинала со Харис.

Меѓутоа, сега дојде до пресврт на ситуацијата. Како што дознава српски „Информер“, Рада по неколку години повторно е среќно вљубена. Станува збор за спортист кој е добро познат на српските простори. Двајцата се запознале преку пријатели и веднаш се појавиле искри.

Бидејќи и двајцата се јавни личности, се договориле да не се следат на социјалните мрежи или да се гледаат на јавни места додека не ја официјализираат врската и не бидат сигурни дека тоа е тоа.

Она што е заедничко за нив, меѓу другото, е тоа што и двајцата имале јавни врски, по што одлучиле да не влегуваат само во нови романси, а уште помалку тоа да го експонираат на почетокот.

 

 

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....