Аца Лукас во саботата, на 28 март, доживеа непријатно изненадување на аеродромот во Гетеборг, каде што граничната полиција го запре и спроведе детална контрола, по што му беше забранет влез во земјата. Неговиот менаџер, Саша Мирковиќ, случајот го оцени како „наместена работа“.
Неколку дена по инцидентот, фолк-пејачот за првпат се појави во јавноста – пристигна на снимање на емисијата „Хајп ѕвезда“. Помина покрај новинарите додека разговараше на телефон, па медиумите останаа без каква било изјава од него.
Според Мирковиќ, проблемот настанал поради нерегуларности со работните дозволи.
„Јас сум виновен што не го спречив заминувањето на бендот и на Аца Лукас во Шведска. Им поверував на соработниците од Холандија дека сè е во ред со дозволите за работа. Накнадно слушнав дека Раста слетал во Копенхаген (Данска) и во Шведска отишол со автомобил, па немал контрола на документите. Лукас со членовите на бендот леташе до Гетеборг, бидејќи не се сомневавме во соработниците. Ова е класична наместена работа, но со ова ќе се занимаваат адвокатските тимови“, изјави Мирковиќ.
Да потсетиме, Лукас тогаш се огласи и го откри вистинскиот причин поради кој му беше забрането да одржи концерт во Шведска.
„Да, точно е дека не нè пуштија да го одржиме настапот затоа што организаторот имал нерегуларни документи. Ќе го тужиме организаторот, бидејќи ни направи големи непријатности. Публиката која не можеше да ме слушне треба да бара поврат на парите за билетите“, изјави Лукас за „Хајп“.
Наместо спектакл, публиката остана без концерт, а пејачот најавува правна постапка против одговорните.
„Ќе го тужиме организаторот, бидејќи ни направи непријатности. А публиката која не можеше да ме слушне треба да бара поврат на парите за билетите“, изјави Лукас за редакцијата на „Хајп“ порталот.
Неколку дена по инцидентот, фолк-пејачот за првпат се појави во јавноста – пристигна на снимање на емисијата „Хајп ѕвезда“. Помина покрај новинарите додека разговараше на телефон, па медиумите останаа без каква било изјава од него.
