06:12 - 7 април, 2026

Прстен од 150.000 евра: Откриени детали за свадбата на Милица Тодоровиќ со богатиот хрватски бизнисмен

Пејачката Милица Тодоровиќ, која веќе неколку месеци е во врска со богатиот бизнисмен Марио од Загреб, наскоро ќе стапи во брак.

Според информациите, Милица и Марио планираат свадба оваа година, но венчавката ќе биде само граѓанска, пред матичар. Причината за оваа одлука е тоа што Марио е католик, а Милица православна, па се договориле да не прават црковна церемонија.

Неодамна, наводно, Марио ја запросил Милица со прстен вреден 150.000 евра.

– Милица и Марио се лудо вљубени. Кога ја запроси, веднаш прифатила со воодушевување. Не ни претпоставувала дека ја чека вакво изненадување, а прстенот ја оставил без зборови. Иако сите околу неа се пресреќни, таа сè уште не сака да зборува јавно за љубовниот живот, бидејќи во минатото имала лоши искуства. Планот е венчавката да се одржи годинава, најверојатно во тајност – открива извор близок до двојката.

– Нејзините родители посакуваат традиционална свадба, но парот ќе најде компромис. Најважно е што се сакаат – додава изворот.

Инаку, Милица претходно изјавила дека ја замислува својата свадба на некое острово, покрај плажа, со мал број гости.

– Големите свадби се хаотични, младоженците не можат ни да уживаат, само се поздравуваат и фотографираат. Тоа е вистински циркус – изјавила Тодоровиќ.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....