17:06 - 7 април, 2026

Принцот ХАРИ НА РОДЕО во Тексас: Дали Меган Маркл го одобрува ова?

Иако мислеше дека ќе помине незабележано, принцот Хари е виден како присуствува на родео во Тексас и го следи познатото јавање на бикови. Неговата сопруга Меган Маркл е активистка за правата на животните, па многумина се изненадени од ваквиот потег на Хари.

Колкаво влијание имаше Меган Маркл врз нејзиниот тогашен вереник, принцот Хари, покажува и фактот дека го убеди да се откаже од вековната семејна традиција Ден на боксот, односно традиционалниот лов на фазани за време на божиќните празници. Тогаш Хари, на изненадување на семејството, го пропушти ловот и остана со својата сопруга. Сето тоа е заслуга на Меган, зашто таа со години се бори за правата на животните.

Принцот Хари минатиот викенд е забележан во Тексас, и тоа не би било чудно ако принцот не уживал во настанот на сезоната – родео, натпревар во вештини на јавање на нескротени бикови и коњи со седло, фрлање ласо и врзување телиња.

За да биде што понеупадлив 37-годишниот принц облекол маслинеста кошула и ставил каубојски шешир, но во негово друштво била организаторката на настанот, Синди Ред, која на социјалните мрежи објавила фотографија и му се заблагодарила на присуството.

„Тоа е типичен американски настан со животни одгледувани за настап. Со оглед на тоа дека неговата сопруга е активистка за правата на животните, големо изненадување е што се појави овде. Интересно е дека повеќето од присутните не го ни препознаа, а и на тие што го препознаа не им беше гајле“, изјави еден од учесниците во родеото.

Меган Маркл не беше со нејзиниот сопруг на ова патување и на овој настан.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо
Се вчитува....