7.8 C
Скопје
23:23 - 1 април, 2026

„Претпладне одев на хемотерапија, а потоа снимав“: Потресна исповед на познатата српска водителка

Една од најпознатите српски водителки Драгана Катиќ, која на јавната сцена е повеќе од две децении, во една прилика гостувала во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, каде што искрено проговорила за емотивните и финансиските предизвици со кои се соочила во животот, пишува српски „Блиц“.

Иако е позната по професионалните успеси, Драгана ретко зборува за својот приватен живот.

Водителката признала дека поминала низ тежок период кога нејзината мајка се разболела од тешката болест и морала да оди на хемотерапија. За нејзиниот проблем тогаш, знаел само Саша Поповиќ.

– Тогаш започнува еден, како што би се рекло, кошмар. Тогаш отидов на невропсихијатар, ја раскажав мојата ситуација и дека јас немам време за терапија – изјавила водителката која во текот на емисијата напоменала дека многу се залага за психотерапија и дека смета дека таа на секој човек му е потребна.

– Тоа беа хемотерапии претпладне, попладне снимав две „Гранд шоуа“. Знаеше само Саша Поповиќ – рекла Драгана Катиќ.

Освен соочувањето со емотивните предизвици, Драгана поминала и низ финансиски тешкотии.

– Ние тогаш влеговме во еден период на големи финансиски предизвици и во еден момент на целосна финансиска немоќ. Најтешкиот дел од приказната беше да барам каква било помош. Го однесов златото и го продадов – изјавила тогаш Драгана во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....