3.8 C
Скопје
01:49 - 21 декември, 2024

Поради сексуално насилство: Уапсен режисерот-оскаровец Пол Хагис

Оскаровецот Пол Хагис вчера е уапсен во италијанскиот град Бриндизи. Тој наводно сексуално злоставувал млада девојка, Англичанка, на една локална филмска забава. Режисерот, кој се изјасни за невин, веќе е обвинет за сексуално вознемирување и силување во САД и е во финансиски тешкотии поради правните трошоци на граѓанскиот предмет кој се води против него.

Канадскиот режисер, оскаровецот Пол Хагис вчера беше приведен во италијанскиот град Остуни (Бриндизи) под обвинение за сексуален напад и тешка лична повреда. Според она што го соопшти Јавниот обвинител на Бриндизи, режисерот принудил млада девојка на сексуален однос, а тоа се случило за време на неговиот прстој од два дена во Остуни каде што учествува на фестивалот „Алора фест“.

Според она што го пријавиле истражителите, девојката била оставена на аеродром во рана зора, и покрај нејзината несигурна физичка и психолошка состојба. На аеродромот, на наводната жртва на насилството и помогнал персоналот и граничната полиција, кои ѝ дале и прва помош, а оттаму ја однеле во болница каде што таа ја официјализирала жалбата.

Режисерот веќе извесно време ја познавал наводната жртва која по оваа епизода на насилство е принудена да се лекува.

Наводите за сексуален напад и тешка лична повреда од страна на Пол Хагис, што доведе до негово апсење во Остуни, не се први од ваков вид за канадскиот режисер. Режисерот на „Краш“ се соочува со граѓанска тужба во САД, покрената од обвиненијата во 2017 година од страна на Хали Брест – ПР агентка, која изјави дека била силувана од Хагис по премиерата во 2013 година.

Од 2018 година, уште четири жени се огласија тврдејќи дека биле жртви на сексуално вознемирување и напад од страна на режисерот. Хагис ги отфрли сите наводи, тврдејќи дека врската со ПР-агентката е невистинита, и се обидел да поднесе контратужба за клевета против Хали Брест, која сепак, беше одбиена од судијата.

Случајот се врати во судница минатата година, кога Хагис побара од судијата да го забрза граѓанскиот случај, изјавувајќи дека е блиску до банкрот и не може да ги покрие правните трошоци кои би достигнале речиси два милиони долари. Трошоци кои повеќе не би можел да ги поднесе, според објавеното, поради тешкотиите кои го снашле со отстуство на нови работни ангажмани и тоа токму поради наводите за насилство.

Режисерот во последните години често беше во центарот на контроверзи, особено поради судирот со скиентологијата, чиј член беше 35 години и кој го напушти во 2009 година по позициите на верската организација основана од Рон Хабард против геј браковите.

„Проверете што е можно поскоро, јас сум тотално невин“. Со вакви зборови се бранел вчера режисерот- оскаровец Пол Хагис, обвинет за сексуално насилство, кој бил однесел во притвор во Бриндизи.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....