18:26 - 7 април, 2026

Поминаа 20 години од серијата „Беверли Хилс“, а тој е ист: Сите се чудат колку добро изгледа! (ФОТО)

Американскиот актер Ијан Зиринг (56) се прослави во улогата на младиот и шармантен Стив Сандерс во култната серија „Беверли Хилс 90210“, со која пораснаа многу тинејџери ширум светот, а по 20 години тој речиси да се нема сменето.

Имено, серијата се снимала од 1990 до 2000 година, а дваесет години по завршувањето, екипата од серијата се собра за да сними нови продолжениа, но за некои актери времето како да застанало. 56 – годишниот Ијан на лицето нема скоро ниту една бора, а нема проблеми ниту со вишокот килограми, на што многумина се прашуваат како му успева. Сината претпознатлива коса му е тука и тоа без ниту едно бело влакно, а тука е ѝ заводничката насмевка.

Фото: Инстаграм

Ријалити ѕвездата Мишел Карен неодамна го угости Ијан во својата емисија, а една од темите била и токму неговиот младолик изглед.

– Не можам да верувам дека имаш 56 години, изгледаш фантастично – му кажала Мишел.

Фото: Инстаграм

– Ти благодарам душо. Кога си млад можеш да се пофалиш дека имаш кожа со која си се родил, а кога ќе остареш, имаш таква кожа каква што заслужуваш – изјавил тогаш Ијан.

За неговиот изглед сигурно допринесуваат и некои од производите на неговата компанија „MLM“, која ја дели со колешката од серијата, Тори Спелинг и уште неколку партнери, а која произведува козметички производи и креми.

Слични објави

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо
Се вчитува....