7.8 C
Скопје
03:47 - 2 април, 2026

ПОЧИНА ТОДЕ НОВАЧЕВСКИ: Авторот кој ги создаде најубавите композиции за Маријана и Росана

По тешко и долго боледување од рак на белите дробови почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, од популарното дуо, Маријана и Росана

Новачевски беше синоним за најпопуларниот сестрински дует кај нас и песната „Признавам“, испеана од Маријана и Росана. Песната првпат е изведена во октомври 1989 година на „Макфест“. Тој повеќе децении беше во брак со Маријана, а минатата година откри дека веќе две години се бори со карциномот, но зборуваше и за подемите и падовите во бракот со Маријана и разводот.


Новачевски кој е роден во Битола во 1956 година, со години живееше во Мелбурн, Австралија. Остави голема трага во македонската музика, со безвременските хитови во изведба на дуото Маријана и Росана. „Признавам“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“.„Свири ми брате цигане“ како и музиката за серијата „Трст виа Скопје“.

Во бракот со Маријана имаат две деца. Новачевски до неодамна беше активен на социјалните мрежи, а една пригода напиша:

„Од љубовта, од вистината и од својата судбина не избегал никој, драги мои. Не избегав ни јас. Ако со некоја моја песна, музика или било каква мала добрина сум ве израдувал малку, еве ми го најубавиот момент, да сум најсреќен и најспокоен човек на светот. Само заради тоа“

„Нашиот композитор, еден и единствен. Човекот кој ни ги подари најубавите евергрини на сите времиња, скромен, голем, татко на моите внуци, си замина во вечноста. Сега заедно со нашиот брат горе некаде нека компонираат, музицираат, бидејќи музиката им беше живот… Голема благодарност и почит до него! Спомените за него и неговите песни секогаш ќе бидат во моето срце. Тивко живееше, тивко и си замина Почивај во мир мој Тоде“, напиша на својот фејсбук – профил Росана.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....