08:01 - 5 април, 2026

Почина Раде Васиќ, познат по учеството во регионалниот „Големиот брат“

Раде Васиќ, кој јавноста го запозна преку учеството во регионалниот Big Brother во 2015 година, почина. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Рада за „Блиц“.

„Отиде мојот Раде. Известете ја Ана, извадете ја од реалното шоу, не дозволувајте да плаче“, изјавила неутешната сопруга.

Човекот што стоел покрај неа додал дека сè уште не го знаат точниот причинител на смртта.

„Треба да одиме во болница, што да ви кажам“, рекол тој, пренесуваат српските медиуми.

Инаку, Раде и Рада се родители на Мика и Гиба, кои по промената на полот станаа Ана и Ивана Николиќ. Сите четворица учествуваа во регионалниот „Големиот брат“.

Рада кон крајот на минатата година откри дека имала рак на дојка, кој ѝ се проширил на белите дробови. Тогаш додаде и дека нејзиниот сопруг имал откажување на двата бубрега и дека неколку пати неделно одел на дијализа.

Ана Николиќ, заедно со својот партнер Стефан Горда, моментално е една од учесничките во ријалити шоуто „Елита“.

Слични објави

Хороскоп за 5 април: Стрелците ќе бидат пријатно изненадени од саканата личност

apostolova

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.
Се вчитува....