12:46 - 13 ноември, 2026

Почина познатиот босански актер Мирсад Тука на 58 години, зад себе остави бројни театарски претстави, а ние го паметиме по серијата „Луд, збунет, нормален“

Босанскиот глумец Мирсад Тука почина на 58-годишна возраст, по долго и тешко боледување. Веста ја потврди близок семеен пријател.

Мирсад дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, а кариерата ја почнал како студент на Драмското студио при Народниот театар во родната Тузла. Од 1996 година е член на Камерниот театар во Сараево.

Глумел во бројни театарски претстави, како и во повеќе филмови и ТВ-серии, меѓу кои и „Босански сон“, „Нафака“, „Сѐ е џабе“, „Римејк“, „Оставени“, „Воини“, „Забранета љубов“, „Сабина“, „Беса“.

Но, се чини, балканската јавност можеби најмногу го памети по хумористичната хит-серија „Луд, збунет, нормален“, каде што го глумеше инспекторот Мурга.

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....