7.8 C
Скопје
23:46 - 30 март, 2026

Почина Милован Тасиќ, актерот од филмот „Кој тоа таму пее“

Поранешниот кошаркар и српски актер Милован Тасиќ почина на 77-годишна возраст, јавува „Блиц“.

Многумина го паметат по сцената од филмот „Tko to tamo pjeva“, кога Павле Вујсиќ се скараува со селанец, а потоа доаѓа и им ги дупнува гумите на нивниот автобус.

Тој е познат и по неговата улога во филмот „Maratonci trče počasni krug“.

Од 1968 до 1979 година настапувал за КК Раднички и одиграл 200 натпревари. Тасиќ бил висок 214 сантиметри, а пред да започне да игра за споменатиот клуб, никогаш не играл кошарка. Неговиот влез во светот на спортот беше прилично необичен. Како што пишуваат српските медиуми, тренерот Слободан Пива Ивковиќ го пронашол додека орал нива во родното село.

„Кога Пива дојде да ме види, навистина возев трактор“, изјави Тасиќ во едно од интервјуата.

„Подоцна сфатив дека сум интересна фигура со својот изглед, дека сум некако допадлив за луѓето. Тоа ме мотивираше да тренирам секој ден и барем донекаде да го надополнувам изгубеното”, рекол тој.

Во една прилика призна дека почнал да глуми поради пари кои наводно ги немал во Раднички.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....