12:26 - 13 ноември, 2026

Почина францускиот актер Клод Брасер: Причината за неговата смрт не е коронавирусот

Profimedia

Францускиот актер Клод Брасер, кој одбележа генерации со популарни филмови како „Партија“ и „Кампување“ и кој снимил повеќе од сто филмови, почина денес на 85-годишна возраст, објави неговиот агент.

– Клод Брасер почина денес во мир опкружен со своите соседи. Тој не беше жртва на коронавирисот. Брасер ќе биде погребан во Париз, во согласност со здравствените прописи, покрај неговиот татко (актерот Пјер Брасер), на гробиштата Пере Лашез во Париз, рече Елизабет Танер, раководител на агенцијата Тајм Арт.

Потекнувајќи од долга низа актери, тој е син на Пјер Брасер и Одет Жуаје. Ги сакаше филмот и телевизијата исто како што сакаше и театарот.

Добитник е на две француски филмски награди „Цезар“ и „Легијата на честа“. За повеќе од 60 години од неговата кариера, тој има снимено повеќе од 110 филмови. Тој ќе остане запаметен по неговата улога на таткото на младата Софи Марсо во култниот филм „Партија“ од 1980-тите.

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....