16:47 - 5 декември, 2025

Пиел по две литри вотка на ден: Ќерката на Нино Решиќ ги опиша последните денови на пејачот пред смртта

Босанскиот пејач Амир Решиќ, познат по сценското име Нино, почина на денешен ден во 2007 година. Тој беше еден од најпознатите изведувачи на народна музика во деведесеттите години на минатиот век.

Ќерка му Сандра Решиќ, која пејачот ја доби од првата сопруга Славица, во една прилика раскажа дека нејзината мајка му била многу лута и дека ја учела да не го сака.

„Ништо. Ме праша дали го сакам, а јас му реков не. Не можев да го сакам затоа што не го познавам. Мајка ми многу му се лутеше. Не затоа што ја изневеруваше и пиеше, туку затоа што нè остави сами во една соба без греење“, изјави Сандра.

Пејачот не бил во контакт со неа до нејзината десетгодишна возраст, а потоа дознала дека неговите менаџери и оние околу него го советувале да не зборува за тоа дека има семејство.

„Има една работа за која никогаш не сум зборувала, а ја дознав дополнително.Тоа е приказна што ја слушав со години. Кога тој беше голема ѕвезда, неговите менаџери го соверувале да вели дека нема никого и да не кажува дека има деца. Тоа го слушанав од луѓето кои тогаш беа со него“, сподели таа.

Сандра искоментирала како изгледала нивната врска додека Нино бил во канџите на алкохолизмот.

„Се обидуваше, дојде кај нас кога му беше тешко. Тој немаше пари кон крајот, ги потроши на сè освен на нас. Беше зависник од алкохол, неколку пати го лекуваа, но не успеа. Пиеше по две литри вотка дневно, беше питом и мирен… Не велам дека беше лош татко, но не умееше“.

Таа открила и како изгледала последниот ден на Нино Решиќ.

„Ja слушавме Вида Павловиќ. Пржев стекови, маслото прска. Слушавме музика, Вида и Верица Шерифовиќ. Повеќе од четири часа. Јас пиев вода, а тој вотка. Ме праша дали ми треба нешто. Реков ‘не’ и два дена подоцна неговиот менаџер ми кажа дека починал.Татко ми не беше добар за мене и за мајка ми, но не знаеше подобро. Можам да кажам дека беше добар човек. Сега ништо не ми фали, но на сите други им обезбеди сè, си купи петсобен стан на Баново Брдо, шест луѓе имаат клучеви, но ние не добивме“, раскажа таа.

Денеска таа сподели фотографија со нејзиниот татко на својот инстаграм-профил.

„Годината поминува, денот никогаш“, напиша сандра.

Фото: Инстаграм/Сандра Решиќ

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....