10:16 - 13 ноември, 2026

Пеѓа Јовановиќ на 15 мај во С.Ц. „Јане Сандански“ – Скопје ветува концертна ноќ за паметење

Со особено задоволство Евент продукција го најавува првиот концерт на Пеѓа Јовановиќ и неговиот Big Concert Orchestra во Скопје! Концертот ќе се одржи во четврток, 15-ти мај, во С.Ц. „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот.

Пеѓа Јовановиќ, човекот кој наместо со скандали и медиумски афери само со своите песни и емотивните изведби на неговите концерти буди море од чувства, дефинитивно прераснува во еден од најпопуларните и најбараните пејачи во последниве неколку години.

Во 2023 година, Јовановиќ го издаде својот прв албум „24/7“ со 10 песни, секоја од нив придружена со видео спот. Песните од албумот остануваат на врвот на музичките листи и по една година од издавањето, потврдувајќи го неговиот статус како музичка икона. По издавањето на албумот, следуваа осум распродадени „МТС сали“ во 2023 година и три распродадени „Сава Центри“ во 2024 година, покажувајќи ja наклонетоста кон неговите песни на неговата публика.

Успехот на Пеѓа Јовановиќ се должи не само на неговите авторски песни, туку и на извонредните преработки на песни од неговите колеги, кои добиваат нов живот преку неговиот уникатен, оригинален и суптилно емотивен стил на нивна изведба.

На 15-ти мај подгответе се за вечер исполнета со емоции, љубов и незаборавни хитови кои харизматичниот пејач со моќен вокал и уникатна енергија, ќе и ја донесе на својата публика во македонската престолнина. Очекувајте ноќ исполнета со најголемите балади и енергични песни кои ја освоија публиката ширум Балканот, како и специјални музички изненадувања, како негови гости на скопскиот концерт.

Влезниците се во продажба преку www.vleznica.mk – резервирајте на време и бидете дел од едно од најголемите музички случувања оваа пролет!
Пеѓа Јовановиќ во Скопје – таму каде што срцето пее… Бидете и вие дел!!!

Не пропуштајте ја оваа музичка вечер исполнета со магија која ветува единствено и незаборавно доживување кое потоа долго се прераскажува!

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....